30 јануари, 2018

Шакира и Малума со уште една одлична соработка

После мошне успешната соработка за хитот „Chantaje“, чие видео беше меѓу најпрегледуваните на Јутјуб во 2017 година, Шакира и Малума повторно ги здружија силите за темата насловена „Trap“, која се најде на нејзиниот со Греми награден албум „El Dorado“. Токму овој сингл деновиве доби и свое црно-бело и видео, во кое латино-ѕвездите се во доста провокативно издание, што секако придонесе за над 15 милиони прегледи во првите 24 часа од објавувањето, а сето тоа ве очекува горе. Уживајте!



Врати се горе ↑