17 септември, 2017

Шакира е златна божица во новото видео за „Perro Fiel“

Шакира го претстави видеото за третиот сингл од актуелниот албум „El Dorado“, а во регетон хитот „Perro Fiel“ (Верно куче) гостува колегата Ники Џам. Колумбиската ѕвезда и овој пат одлични ги користи своите танцувачки способности, кои дефинитивно ќе придонесат за милионски прегледи на Јутјуб, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Најавен со хитовите „Chantaje“ и „Me enamoré“, 11. студиски албум на Шакира ќе биде промовиран и во рамките на истоимената светска турнеја, која ќе започне на 8 ноември и ќе опфати 36 концерти во Северна Америка и Европа.

 



Врати се горе ↑