Балкан seve

31 октомври, 2014

Северина влегува во „Големиот брат“?

Хрватската дива Северина Вучковиќ ќе биде големата ѕвезда во новата сезона на „Големиот брат“, која ќе се емитува на пролет, пренесуваат спрските медиуми. Продукциската куќа „Имоушн (Emotion)“, која стои позади овој проект, била во преговори со хрватската пејачка за учество во реалното шоу, во кое за 48 часа во куќата би требало да добие 20 000 евра.

„’Имоушн’ планира новата шеста сезона од ’ВИП Големиот брат’ да започне на пролет, а би учествувале познати личности од целиот регион. Поминаа повеќе од година дена од последното прикажување на шоуто, па сметаат дека е време да започнат со подготовки за новиот циклус. Во моментов нема таков формат на телевизија, а Северина ќе биде одлична мамка за публиката“, вели изворот.

Со пејачката во моментов преговара првиот човек на „Имоушн“, Горан Стаменковиќ. „Северина и Гоша се во одлични односи. Во финалето од четвртата сезона таа премиерно ја изведе песната ’Бред Пит’. Исто така, Стаменковиќ своевремено планираше да основа издавачка куќа, а ексклузивката требаше да биде токму Севе. Се договараат таа да влезе барем на 48 часа, со цел да ја заинтригира публиката, со отворена можност да остане и подолго. Нејзината задача е да обезбеди гледаност и висок рејтинг, а за возврат ќе биде добро платена“, додал изворот.



Врати се горе ↑