5 јуни, 2017

Северина со нов сингл и видео за „Мртав без мене“

Денеска точно напладне, Северина го претстави видеото за песната „Мртав без мене“, која воедно е и трет сингл од претстојниот албум најавен со хитовите „Као“ и „Отрове“. Станува збор за уште еден потенцијален хит од хрватска пејачка, чии автори се Дамир Хандановиќ и Марина Туцаковиќ, а сето тоа на минималистички начин го екранизираше Дарко Дриновац.

Инаку, новиот албум на Севе ќе биде објавен во два дела, од кои првиот се очекува во јули, а другиот наесен.

 

 



Врати се горе ↑