Балкан Severina

30 ноември, 2012

Северина сними дует со Жељко Бебек

Синоќа популарната хрватска пејачка Северина направи бум на доделувањето на наградите „Личност на годината“ на магазинот Hello. Уште кога се појави на гала вечерта ја обиколија десетици српски новинари со цел да дознаат нешто повеќе за моменталните случувања во нејзиниот живот.

Меѓу другото, таа откри дека снимила дует со Жељко Бебек кој ќе се најде на нејзиниот најнов албум „Добродошао у клуб“ кој е најавен за почетокот на декември, додавајќи дека извесен период ќе остане во српската престолнина.

Фото: Svet.rs



Врати се горе ↑