Балкан 35518_10151507896867053_929111757_n

14 февруари, 2013

Северина снима нов видео запис

Хрватската поп ѕвезда Северина Вучковиќ одлучи да сними видео запис за вториот сингл од нејзиниот нов албум „Добродошао у клуб“. Станува збор насловната нумера, а фотографиите од снимањето на видео записот осамнаа на нејзината официјална фан страница на фејсбук, која има околу 337 илјади фанови, каде што е најавено дека видео записот наскоро ќе ја доживее својата промоција.

Со оглед на тоа што песната зборува за маж кој бил неверен и за жена која одлучила да му се одмазди во прегратките на друг маж, Севе ангажирала згоден манекен да ја одигра улогата на „другиот маж“.



Врати се горе ↑