Балкан 1385501_10152879472702053_7221491305594498651_n

27 октомври, 2014

Северина си го собори сопствениот рекорд

Неодамна објавениот дует на Северина Вучковиќ и Саша Матиќ го собори рекордот за регионален видео запис кој собрал најголем број прегледи за 24 часа на сервисот „ЈуТјуб“. Интересно е тоа што ова е трет пат со ред хрватската пејачка да го поставува овој рекорд – летово рекордер беше хитот „Уно моменто“, а пред него и „Италијана“.

„Не знам што да кажам… Одам да си ја удрам главата од ѕид (од среќа, овој пат). Но пред тоа, им честитам на Саша Матиќ и екипата за прекрасната песна која ја напишаа. Голем успех. Им благодарам на мојата публика на сите луѓе кои ми честитаа и благодарам на СФЦ. Без вас, тешко…“, напиша пејачката известувајќи за успехот на темата „Море туге“, која за помалк од 24 часа собра преку 785 000 прегледи, бројка која сега веќе надминува милион и половина прегледи.

 



Врати се горе ↑