26 јули, 2013

Северина претстави нов видео запис

По успешната турнеја и објавувањето на нејзиниот нов студиски албум насловен „Добродошао у клуб“, Северина продолжува со исто темпо. По првите два сингла „Узбуна“ и насловната „Добродошао у клуб“, хрватската дива денеска го претстави и видео записот за третиот сингл „Остављена“. Она што е интересно за овој видео запис е тоа што за него е искористена снимката од концертот во хрватската престолнина.

Пејачката ги напишала музиката и текстот за време на бременоста, а песната која е наменета за сите жени е и своевидно продолжение на песните „Поглед испод обрва“ или „Шта ме сад питаш шта ми је“. Емотивната изведба на оваа песна можете да ја погледнете горе.



Врати се горе ↑