Балкан seve

16 декември, 2012

Северина „позајмила“ мелодија од Неда Украден?

Северина Вучковиќ деновиве го промовираше нејзиниот нов сингл „Узбуна“, чиј рефрен мелодиски многу потсетува на оној од хитот на Неда Украден „Није ти добро“. Северина го најавуваше новиот албум како нешто сосема поинакво, но изгледа дека некој од нејзините соработници малку се заиграл и позајмил делови од веќе постоечки песни. Спотот за „Узбуна“ е поставен на популарниот сервис ЈуТјуб и посетителите веднаш почнале да коментираат дека песната е плагијат и копија. Секој втор коментар бил дека песната потсетува на овогодишниот хит на Неда. Поголемиот број напишале дека песната е супер, но и дека не им се допаѓа тоа што веќе постои таква мелодија.

Во однос на ова, за српски Курир Неда изјавила дека сè уште не ја слушнала новата песна на Северина, додавајќи:  „Ако е така, мене ми е мило што ме копира, односно што потсетува на мене“. Нејзината песна ја компонирал Душан Бачиќ, додека онаа на Северина ја потпишуваат Филип Милетиќ и Филип Рогановиќ, кои не биле достапни за разговор на оваа тема. Во продолжение преслушајте ги двете песни, па проценете сами дали се работи за плагијат.

 

Извор: kurir-info.rs



Врати се горе ↑