Балкан Severina Klik Girl

21 октомври, 2012

Северина од Вардар до Триглав

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ се појави на насловната страница на списанието „Убавина и здравје“. Интересен е фактот што за прв пат после 20 години, една личност ќе се појави на насловните страници на истото списание во сите шест држави на поранешна Југославија. Од уредничкиот тим на списанието изјавија дека ова го сторија за сите 1 192 000 читателки ширум регионот. Иако во изминатиот период доминираат вестите за проблемите и контроверзиите во нејзиниот приватен живот, уредниците на магазинот се изјазнија дека она за што тие се интересираат е нејзината музика, мајчинството, малите „женски тајни“ и плановите за иднината. Младата мајка изгледа одлично и покрај тоа што синот Александар го роди во февуари годинава.

Северина деновиве подготвува и нова песна која ќе биде објавена наскоро, а дванаесеттиот по ред студиски албум ќе биде со наслов „Добро дошао у клуб“ (Добредојде во клубот). Нејзиниот последен хит беше „Италиана“ кој е во соработка со ФМ Бенд, за кој е снимен и видео запис.

 



Врати се горе ↑