Балкан 16406585_10155002430967053_5556112266510674966_n

8 февруари, 2017

Северина: Не очекував дека „Као“ ќе стане хит

Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ деновиве го промовираше својот нов сингл и видео запис насловен „Као“, кој за само неколку часа стана вистински хит во регионот. Северина, која во моментов е во САД, во разговор со српските медиуми признала дека не го очекувала тоа.

„Оваа песна не беше правена да стане хит, а стана за само неколку часа. Имам среќа што соработувам со најдобрите композитори на овие простори, среќна сум што публиката го прифаќа и реагира позитивно на она што го работам и затоа на нивната љубов и јас им возвраќам со љубов“, рекла таа, додавајќи дека првичната идеја за видеото била сосема поинаква.

„Мојот тим имаше сосема поинаков концепт, но јас пресеков и одлучив да снимам со мојот бенд, со кој функционирам како семејство. Не сакав да изведувам пируети, едноставно сакав само да ја испеам песната и да ја пренесам мојата емоција на фановите“, заклучила таа.

Фотографија: Јелена Балиќ

 



Врати се горе ↑