Балкан 311129_10151319507957053_1719462441_n

11 декември, 2012

Северина наскоро со „Узбуна“

На официјалната фан страница на фејсбук, хрватската пејачка Северина го најави новиот албум „Добродошао у клуб“. Откриено е дека следниот сингл со наслов „Узбуна“ ќе излезе многу наскоро, а својата премиера ќе ја доживее оваа недела токму преку социјалните мрежи, односно официјалните канали на ЈуТјуб, Фејсбук и Твитер.

Исто така, додека фаноците со нетрпение го очекуваат издавањето на новиот албум, на Фејсбук е објавен и дел од текстовите на песните. Со тоа е откриено дека на албумот покрај 10-те нови песни, ќе се најдат и нејзините хитови „Бред Пит“, „Град без људи“ и „Италијана“, кои заедно имаат преку 50 милиони прегледи на ЈуТјуб.

Свесна за популарноста на интернетот и социјалните мрежи, токму на нејзината фејсбук страница, која брои приближно 300 000 фанови, Северина откри дека насловите на песните се следните: „Добродошао у клуб“, „Тарапан“, „Постеља од вина“, „Камен око врата“, „Слаба на слабича“, потоа „Танго“ (дуетот со Жељко Бебек), нејзината авторска песна „Остављена“ и други.

 

Извор: svetplus.com



Врати се горе ↑