Балкан 1384208_10151945913522053_1160798820_n

2 октомври, 2013

Северина најави нов сингл

Хрватската дива Северина Вучковиќ успешно ја започна годинава со објавувањето на нејзиниот нов албум „Добродошао у клуб“, неколку синглови и видео записи, како и големата турнеја во чии рамки беше и спектакуларниот концерт во Скопје. Но, пејачката не запира тука, па и покрај подготовките за претстојните концерти кои ја очекуваат во следните месеци, таа сепак наоѓа време и за нова музика. На нејзината страница на Фејсбук, Северина деновиве објави нова фотографија најавувајќи го нејзиниот нов сингл насловен „Робиња не љуби к’о дама“, чија премиера ќе биде закажана наскоро.



Врати се горе ↑