7 октомври, 2013

Северина како „Хурем“: Слушнете ја новата песна

Хрватската дива Северина Вучковиќ неодамна најави нов сингл, а темата насловена „Хурем“ беше промовирана денеска на пладне заедно со видео запис. Претставувајќи ја на својата страница на Фејсбук, Севе напиша: „Песната ја отпеав бидејќи мојата мајка го обожава Сулејман Величенствениот и секако затоа што мелодијата и текстот се добри. Исто така, со оваа песна сакав да им се заблагодарам на фановите кои на Фејсбук ги има преку половина милион.“

Песната премиерно во живо ќе ја изведе на претстојниот концерт во Сараево, а како што вели „најубавиот видео запис на овие простори“ го изработи нејзиниот соработник Доријан Колунџија, кој работи и на видео продукцијата од актуелната турнеја. Како изгледа и звучи „Хурем“ можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑