Балкан

5 август, 2018

Северина ја претстави својата „Магија“

Хрватската ѕвезда Северина го претстави видеото за својот нов сингл насловен „Магија“, во кој гостува колегата Јала Брат. Босанскиот рапер и продуцент се потпишува и како автор на музиката и стиховите, за што му помогна Буба Корели, а аранжманот е на РимДа. Режисер и кореограф на разиграното видео е Анже Шкрубе.

За само три дена од премиерата, видеото собра речиси 2 милиони прегледи на Јутјуб, а пејачката доби само пофални зборови од своите следбеници. „Вие сте мојата магија“, им одговори пејачката на верните обожаватели, а како изгледа и звучи најновото од популарната ѕвезда дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑