Балкан 001-women-severina-vuckovic-fur-www.starwiki.org

25 октомври, 2012

Северина има ново момче?

Прашината која се крева деновиве за хрватската поп пејачка Северина никако да стивне. Таа неодамна се раздели со таткото на нејзиното дете, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Деновиве таа одржа концерт во Франкфурт, а после концертот како подарок доби 1001 роза. Според хрватските медиуми галантниот џентлмен кој ѝ ги подари розите е естрадниот менаџер Александар Глишиќ, кој се потрудил ништо да не ѝ недостига за време на нејзиниот претстој. Тој ја опсипувал со внимание и подароци, а кога бил исконтактиран на телефон за да ја потврди веста, само рекол дека долго време ја познава Северина, розите се од него и толку. Дали овој гест на внимание е погрешно интерпретиран или навистина има некоја приказна позади ова, ќе дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑