11 декември, 2014

Северина и „Учителките“ со провокативен видео запис за „Генерале“

По дуетот „Море туге“ со Саша Матиќ, чиј видео запис го собори рекордот за регионален видео запис кој собрал најголем број прегледи за 24 часа на сервисот „ЈуТјуб“, хрватската дива Северина Вучковиќ денеска го претстави видео записот за темата „Генерале“. Ако за „Уно моменто“ соработуваше со „Министерките“, овој пат Севе запеа со „Учителките“ Матеа Тисај, Ана Вурцер и Силвија Илиќ, а во провокативниот видео запис во режија на Ведад Јашаревиќ, улогата на „генералот“ му припадна на црногорскиот манекен Никола Шоќ.

„Песната ме привлече бидејќи е мелодична и многу ми се допаѓа стихот ’Генерале мој, ти пуцаш у цивила’… врв!“, напиша пејачката објавувајќи ја песната, чиј автор на музиката и текстот е Душан Бачиќ, а аранжманот го направи Бојан Драгојевиќ. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑