12 јуни, 2018

Северина и „Милиграм“ имаат летен хит

Освен работата на сопствениот материјал, хрватската ѕвезда Северина Вучковиќ наоѓа време да сними и по некоја соработка со колегите од регионот, а овој ги здружи силите со српските колеги од групата „Милиграм“. Предводена од познатиот хитмејкер Александар Милиќ – Мили, групата ја покани Севе да им се придружи во нивниот најнов сингл насловен „Од лета до лета“, чиј наслов и самиот кажува дека се работи за летен хит.

Фотографија на MILIGRAM.

Автор на музиката е секако Мили, а за стиховите и аранжманот му помогнаа Антоније Стоиљковиќ, Слободан Вељковиќ и Лука Јовановиќ, додека миксот и мастерингот ги направија Јан Магдевски и Том Валц. Видеото во реализација на „Милиграм мјузик продакшн“ и „Токсик ентертејнмент“, се снимаше на повеќе локации, меѓу кои и плажата Јаз во Будва, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте горе. Уживајте!

Само за потсетување, Северина летово ќе одржи свој концерт во Охрид, на 27 јули на стадионот „Билјанини извори“.



Врати се горе ↑