Концерт

30 мај, 2018

Северина и Марија Шерифовиќ со концерти во Охрид

Хрватската ѕвезда Северина и српската кантавторка Марија Шерифовиќ се уште две музички имиња од регионот што летово ќе одржат свои концерти во Охрид. Тие им се придружуваат на веќе најавените колеги Масимо Савиќ и Цеца, чии концерти се закажани за 14 јули во Античкиот театар и за 28 јули на стадионот „Билјанини извори.

На „Билјанини извори“ ќе настапат и Северина и Марија Шерифовиќ. Првата ќе запее на 27 јули, а втората ден по Илинден, односно на 3 август.

Веста за концертот на Севе ја сподели ноќниот клуб „Ауејк“ (Awake), додека (засега) единствената српска победничка на „Евровизија“ во Охрид ја носи Бојан Јовановски со неговата „БМЈ медија груп“.

Повеќе детали за влезниците се очекуваат наскоро.



Врати се горе ↑