18 септември, 2017

Северина и Леон ги здружија силите за „Хазардер“

Популарната хрватска пејачка Северина денеска на пладне го промовираше својот нов сингл и видео за темата насловена „Хазардер“, кој го отпеа во дует со помладиот колега Леон.

„Песната настана пред две години и ми беше многу слатка, но дури кога Леон ги испеа своите делови и го снимивме спотот, кој е дело на Лазар Богдановиќ, песната ја доби вистинската смисла. Им се заблагодарувам на сите кои соработуваа во спотот и ветувам дека со следниот спот доаѓа и нов албум кој ќе биде одличен и вистински наследник на ’Добродошао у клум’“, изјави Севе.

Како и на повеќето песни од познатата ѕвезда, така и на „Хазардер“ автори се нејзините долгогодишни соработници Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ, а како звучи и изгледа сето тоа, поддржано од нашата „Пелистерка“, можете да погледнете горе, додека галеријата со фотографии од снимањето, кои ги направи Јелена Балиќ, Ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑