7 јули, 2016

Северина ги претстави своите „Силикони“

„Силикони“ е насловот на новиот сингл и видео запис на хрватската пејачка Северина Вучковиќ, во кој гостува колешката Сајси Ем-си. Автор на музиката е Бојан Васиќ, текстот е заеднички на Марина Туцаковиќ и Ивана Рашиќ (Сајси Ем-си), а аранжманот го направија Васиќ, Милош Рогановиќ и Филип Милетиќ. Видео записот, пак, е во режија на Петар Пашиќ и „Естреља продукција“. Покрај Севе, во видео записот се појавуваат и модели од „Фокс моделс“, како и познатата актерка Сека Саблиќ.

13606985_10154338746562053_7695032279690686309_n

„Силиконите се метафора за сè што прават жените за да бидат совршени… Пејте ја оваа песна и ако немате силикони. Ќе ви се поправи денот и ќе имате чувство дека сте совршени! Деца, не правете го ова дома…“, напиша пејачката претставувајќи го новиот сингл, а како изгледаат и звучат нејзините „Силикони“ можете да погледнете горе.

севе

Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑