29 март, 2017

Северина ги претстави своите „Отрови“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ деновиве го промовираше својот нов сингл и видео запис, кој го носи насловот „Отрове“. Станува збор за соработка со раперот Јала Брат, кој е автор на музиката и текстот, а за екранизацијата се погрижи режисерот Петар Пашиќ.

Дека Севе го има тајниот рецепт за инстант хитови докажува и фактот што за само еден ден „Отрове“ собра повеќе од милион прегледи на Јутјуб. „Прекрасно е да се работи со луше кои Ве инспирираат и Ве поттикнуваат да бидете подобри, ако не подобри – тогаш поинакви. Бидејќи се промената е постојана! Панта реи! Ве сакам“, се заблагодари пејачката за огромниот успех на нејзиниот нов сингл, а како изгледаат и звучат нејзините „Отрови“ можете да погледнете горе. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑