Македонија Jana Elena Miki - otvoranje Seventeen

13 јуни, 2013

„Seventeen“ е среќниот број на Јана Бурческа

Свежи тонови и јаки бои, карактеристични за трендовите во облеката, модните додатоци и шминката оваа сезона, се застапени во новата пролет/лето 2013 колекција на брендот за декоративна козметика Seventeen – Тhe Art of Beauty, која беше промовирана во соработка со младата пејачка Јана Бурческа. Линијата летово ќе биде претставена преку интерактвини промоции со стилисти, кои ќе откријат дел од триковите за шминкање на охридските плажи и во Битола.

 „Седумнаесет е значаен број во мојот живот. Често знам да кажам дека тоа е мојот најсреќен број. Натпреварувачкиот број на македонскиот “Идол“ ми беше седумнаесет, со што истовремено ја започнав својата музичка кариера имав седумнаесет години, така што верувам дека тој број ми носи успех. Редовно користам производи од брендот Seventeen и сум навистина среќна што сум една од првите која ја откри новата колекција“- изјави младата пејачка Јана Бурческа.

Колекцијата пред сè e наменета за урбани и софистицирани девојки и жени, кои сакаат да бидат во чекор со светските модни трендови.

„Јана е млада, позната девојка која е секогаш во тренд кога станува збор за модата, вклучувајќи ја и шминката. Затоа сметаме дека е совршен претставник на девојките кои ги користат производите на нашиот бренд: иновативни, софистицирани и позитивни, кои ги следат модните трендови во секој поглед. Seventeen е бренд кој е наменет токму за сите девојки и жени кои се чувствуваат така.“– потенцира Елена Гагиќ од Меркур Трејд, генерален дистрибутер на брендот Seventeen за Македонија.

Спечифично за престојната сезона се маскарите во боја, кои се нова дименизја на вашиот изглед со палетата на бои, сина, зелена и виолетава нијанса, комбинирани според најголемите модни трендови. Секоја сезона претставува нова колекција на производи, кои се препознатливи по свежите тонови и јаките бои. Покрај иновативноста, квалитетот на производите е исто така заштитна карактеристика на Seventeen, кои освен тоа што креираат совршен изглед, истовремено ја хидрираат и штитат кожата.

Брендот за декоративна козметика Seventeen постои уште од 1962 година, најпрво фокусирајќи се на пазарот во матичната земја – Грција, за подоцна масовно да се прошири низ регионот и конечно, низ цела Европа.



Врати се горе ↑