Аудио смп

2 октомври, 2017

„Сетстат“ и Мирко Попов ги здружија силите за „Лунатика“

„Сетстат“ и Мирко Попов е навидум неочекувана, но неверојатно добитна музичка комбинација. Кога на моќниот, модерен слободен џез на Сет, го додадете несомнениот дивергентен сонграјтерски потенцијал на М.Попов, излегува потполно ново и потентно сонично животно. На моменти можеби помалку мрачни, но извонредно музикални шлагери кои црпат инспирација колку од џезот, толку и од поп номенклатурата од минатите неколку децении. Ова комбо веќе има еден заеднички албум зад себе („Се плашам од Македонци“, PMG Recordings 2015), а во моментов го промовира новиот ЕП „Лунатика“.

Оваа „македонска џез квечерина“ е закажана за в петок, 5 октомври, во кино „Култура“. Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и е во рамките на програмата „Нов културен бран“. Концертот ќе започне во 21 часот, а влезот е слободен.

„Очекувајте пеколна свирка со силен емоционален набој!“, порачуваат музичарите, а како звучи нивната најнова соработка можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑