Видео lizzy_pattinson

11 септември, 2014

Сестрата на Роберт Патинсон во британскиот „Х Фактор“

Како што е познато, неодамна започна да се емитува 11-тата сезона од музичкиот натпревар „Х Фактор“ во Велика Британија, а меѓу пријавените кандидати годинава се најде и сестрата на познатиот актер Роберт Патинсон („Самрак“), Лизи Патинсон. Актерот, кој е познат по тоа што многу ја сака музиката, а и самиот компонира и пишува песни, сепак никогаш не пеел со својата сестра: „Сакаме различни видови на музика, па веднаш се караме. Но многу сум возбуден за нејзиното учество на натпреварот. Таа е многу добра“, изјавил актерот.

31-годишната Лизи на својата аудиција се претстави со песната „Feels Like Home“ од Бони Реит, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑