27 ноември, 2013

Сестрата на Бритни, Џејми Лин Спирс го претстави својот прв сингл

Помладата сестра на поп принцезата Бритни Спирс, 22-годишната Џејми Лин Спирс реши да тргне по стапките на нејзината сестра, па неодамна го претстави својот прв сингл насловен „How Could I Want More“. Иако можеби сите очекуваа музичкиот стил да биде сличен како оној на Бритни, сепак срцето на Џејми лежи во кантри музиката. Токму во тој стил е и нејзината прва песна, која вчера доби и свое видео издание.

Џејми исто така гостува во песната „Chillin’ With You“, која ќе се најде на претстојниот осми студиски албум „Britney Jean“ на нејзината сестра, закажан за 29-ти овој месец. Како звучи новиот сингл со кој Џејми го најавува нејзиниот деби албум, можете да слушнете и видите горе.

 



Врати се горе ↑