Балкан sergej13

28 ноември, 2012

Сергеј Четковиќ промовираше нова песна на Кнез Михајло

Српскиот пејач Сергеј Четковиќ и неговиот тим на соработници за локација за снимање на новиот видео запис го избраа центарот на српската престолнина и улицата Кнез Михајло како одлично место на кое има простор да се соберат неговите фанови и сите заедно да учествуваат во реализацијата на спотот за песната „Још волим те“, која ќе се најде на неговиот шести студиски алвум. Овој сингл воедно е и најава за новиот албум кој ќе излезе на есен следната година. Дали оваа песна ќе биде насловна нумера сè уште не се знае, бидејќи како што изјавил Сергеј, има уште многу други убави песни.

Спотот е во режија на проверениот соработник на Четковиќ, Александар Керекеш,  а во истиот покрај Сергеј активно ќе учествува и присутната публика, случајните минувачи и децата кои имаат посебно место во спотот.

Инаку, Сергеј за прв пат на денот на вљубените ќе пее во Белград. Тој ветил дека тоа ќе виде концерт за паметење, а и покрај тоа што не сакал комерцијализација, тој ден го поврзува со љубовта и убавата музика. Во врска со новогодишните празници, сè уште е во преговори за најлудата ноќ, но се надева дека тоа ќе биде некој плоштад.

Слушнете дел од новата песна, а повеќе фотографии од овој настан можете да погледнете овде.

 Извор и фото: svetplus.com



Врати се горе ↑