Концерт

3 јануари, 2018

Сергеј Четковиќ на Божик во Охрид

Црногорската суперѕвезда Сергеј Четковиќ на Божик ќе одржи спектакуларен концерт во Охрид, во рамките на проектот „Од 20 до 20 сите во Охрид“, кој започна на 20 декември и ќе трае до 20 јануари. „Погледи у тами“, „Пола мога свијета“, „Ако те није“, „Само ме загрли“ и сите други големи хитови на неповторливиот шармер во живо за охриѓани и гостите.

Како загревање на атмосферата и гаранција за незаборавна вечер, со своите најголеми хитови ќе се претстави и нашиот Ѓоко Танески и диџеј Реџи РулсКонцертот ќе се одржи на плоштадот во Охрид, со почеток од 19.00 часот.



Врати се горе ↑