Концерт FOTO ONEREPUBLIC

13 ноември, 2014

Сензационално: „Уан репаблик“ доаѓаат во Скопје !!!

„Авалон продукција“ со огромно задоволство јавува дека најактуелната светска поп-рок група „Уан репаблик“ (One Republic) доаѓа во Скопје на 1 јуни следната година! За да престанат изјавите дека во Македонија веќе неколку години не доаѓаат свежи и актуелни артисти, „Авалон“ се потруди да донесе нешто најсвежо и најактуелно во светски рамки во моментов.

„Уан репаблик“- групата која го покори целиот свет и ги освои сите светски топ листи со третиот албум „Native World“  и сингловите „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“ како и многу други хитови, доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт на 1 јуни во арената „Метрополис“.

Тоа што му дава навистина сензационална нота на овој концерт во Скопје е фактот што, не само што доаѓа бенд со продадени повеќе од 5 милиони примероци од своите албуми, како и повеќе од 9 милиони синглови, туку за првпат во Македонија доаѓа бенд кој што промовира актуелен албум кој бил на врвовите на светските топ листи од двете страни на Атлантикот, и во Америка и во Европа, како што е случајот со албумот „Native World“, што ако не се лажеме, досега се нема случено со ниту едно гостување на некој од артистите во нашава земја.

Кога е пак во прашање вртењето по радио станиците и телевизиите насекаде низ светот па и во Македонија со актуелните синглови како што се „Apologize“, „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“,„Love Runs Out“, тука навистина сè е кристално јасно – „Уан репаблик“ се дефинитивно најактуелениот поп – рок бенд во светот во моментов.

 

Бендот доаѓа во Македонија во склоп на својата летна светска турнеја на која ќе настапат и како хедлајнери на многу големи светски фестивали. Инаку „Уан репаблик“ во моментов е на актуелна европска турнеја на која најблиску во регионов доаѓа во Словенија на 16 ноември во арена „Стожице“ – концертот е распродаден две недели пред одржување со неверојатни 16.000 продадени билети!

За концертот на „Уан репаблик“, кој ќе се одржи на 1 јуни во арената „Метрополис“, билетите ќе бидат пуштени во продажба на 24 ноември, а за цената и останатите детали ќе ве информираме на крајот на идната недела.



Врати се горе ↑