Настани taksirat 15

25 декември, 2013

Сензационална забава на Таксират 15!

На само неколку дена пред почетокот на овогодинешното издание ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ кој годинава се одржува по петнаесетти пат, Ве предупредуваме: подгответе се за експлозивна и бунтовна вечер на ТАКСИРАТ 15, но и за незаборавно електронско доживување во „Денс Арената“ на Таксират 15! Според досега објавените електронски изведувачи, во втората хала на фестивалот ќе се танцува до зори! Великанот на детроитската техно сцена КАРЛ КРЕГ, лидерот на хаус музиката ДЕНИС ФЕРЕР, едни од најдокажаните хип-хоп артисти на домашната сцена ЛД ПИСТОЛЕРО и ГОЦЕ (САФ) и диџејот и продуцент САМОИЛ РАДИНСКИ подготвуваат единствен спектакл и се закануваат да ги запишат своите имиња меѓу историските настапи на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ!

Но, тоа не е сѐ! Програмата во втората хала – „Денс Арената“ на Таксират 15 ќе биде визуелно збогатена со карактеристична сценографија, но и специфични визуелни ефекти. Задолжен за визуелнуот перформанс ќе биде македонскиот виџеј Горан Костовски – Индог. Со неговиот перформанс за време на настапите во „Денс Арената“ публиката ќе има прилика дополнително да ужива и во артистички визуелното искуство. Сигурни сме дека токму овој артист ќе биде еден од виновниците за најдобрите спомени кои ќе ги понесете од овогодинешниот ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ.

Горан Костовски ИНДОГ (ind.o.g) е aрт директор, илустратор, графички дизајнер, vj. Во неговите дела најчесто се употребувани случките кои што го опкружуваат или што некогаш се случиле и оставиле силен печат врз него. Во нив тој ги наведува: Скопската Tech House ера, Пролетта во Скопје, Зајдисонцата на Партизанска, Вистината, Луѓето, Сонување, Вистинските пријателства, Гушкањата, Љубов, Планини, Авангарда, Старомодност, Уличен живот, Звуци, Иновативни ликови, Архитектурата, Шарени мемории, Слушање вистински приказни од луѓе и тн. Зад себе веќе има реализирано повеќе од 30 изложби, видео и мурал перформанси, инсталации и видео спотови. Изминативе неколку години има настапувано со сите македонски диџеи и со познати странски имиња. Неговите соработки вклучуваат настапи низ регионот заедно со бројни артисти меѓу кои Dj Pyro (Данска), Ade Fenton (Англија), Space Djz (Англија), Justice Yeldham (Aвстралија), Yana Heinstein (Германија), Bushwacka (Англија) , Monique (Унгарија), Troy Pierce (Германија), John Gaizer (Германија), Christian Smith (Америка/Шпанија), Anthony Rother (Германија), Tiga (Канада), Dave Mothersole (Англија), Kiko (Франција), Paul Mac (Англија), James Ruskin (Англија), Umek (Словенија), Paco Osuna (Шпанија), Matias Agayo (Аргентина), Rebolledo (Мексико) и бендови како Кирил Џајковски, PMG Collective, String Forces, Дуке Бојаџиев, Bei The Fish. Последниве години покрај видео артот за Bei The Fish има изработено и многу од нивните омоти, флаери како и спотот за песната Livin in a box.

На главната бина во „Метрополис Арена“ пак, ве очекува веројатно до сега најбунтовната ТАКСИРАТ комбинација со концертите на панк рок иконите THE EXPLOITED, импресивниот и моќен ска панк бенд THE LOCOS, еден од најдобрите балкански бендови ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, легендарниот рокенрол бенд МАЈКЕ,  предводниците на регионалната инди сцена BERNAYS PROPAGANDA, српскиот хип хоп феномен БЕОГРАДСКИ СИНДИКАТ и македонската панк група ЛОШИ ДЕЦА!

 

Побрзајте за влезниците за ТАКСИРАТ 15 по цена од 450 денари кои се достапни во продажната мрежа на MК Тикетс:

– Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

– Во Скопје: Југотон ГТЦ 1 кат, GoGi Драчево, Розе Веро 2, Камарад Рамстор, Кафе Браво, Кафе Круг Аеродром.

– Низ Македонија : ЗЗ ТОП Охрид, Агора Куманово, Хард Рок Битола, Шишко Кочани, Амнезија Тетово.

– Онлјан на www.karti.com.mk

 

ТАКСИРАТ 15 ќе се одржи на 28-ми декември (сабота) во „Метрополис Арена“ во Скопје, со почеток во 19:00 часот.

Време е да се тргне!
Преврти го Скопје наопаку!



Врати се горе ↑