Настани ImageProxy

22 мај, 2013

Сензационален АкваПаркФест викенд

За само два дена нѐ очекува АКВА ПАРК ФЕСТ, првото open-air издание на петнаесетгодишниот Таксират и најдобрата забава до сега со која летото годинава ќе го започнеме порано. Овој викенд, на 24-ти и 25-ти мај, во Пробиштип се одржува фестивалот со кој воедно ќе биде одбележано и отворањето на новата сезона на првиот Аква парк во Македонија. Време е да го разведриме сопственото секојдневие и да се препуштиме на незаборавното дводневно искуство со извонредната музичка програма на фестивалот и уживањето во аква паркот, кампувањето во природа и разновидните забавни содржини на ова несекојдневно фестивалско издание. Во исчекување на илјадниците ведри фестивалџии, ве известуваме дека сè е подготвено за Аква Парк Фест да биде забавата од која ќе ги понесете најдобрите спомени.

Гаранција дека пред нас е ново извонредно музичко доживување се и ѕвездите на Аква Парк Фест, кои испратија и посебни видео поздрави повикувајќи ги своите обожаватели на она што специјално го подготвуваат за настапите на овој фестивал. На оваа листа се приклучија артистите како PAUL VAN DYK, MARK KNIGHT, СУПЕРХИКС, S.A.R.S., Smut, Conquering Lion, Сашко Костов & TWW, чии видео поздрави можете да ги видите во продолжение.

 

Покрај нив на фестивалот ве очекуваат и сензационалните настапи на КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, SUNNERY JAMES & RYAN MARCIANO, ФОЛТИН, BERNAYS PROPAGANDA, Foolish Green, Iceberg & Lephonq, Flooder, Rootboy, Цобе&Стефано, New Sound Band, Ghetto Rudi, Branchez, No End, Прв Ред, Skullcrush, Skyrise и Anna O. Покрај тоа што овие изведувачи се исклучително значајни и респектирани на музичката сцена кај нас, во регионот и светот, заедничко за сите хедлајнери е и тоа што на фестивалот ќе се претстават со нивниот најнов материјал од неодамна објавените изданија, но и оние во подготовка, па посетителите на Аква Парк Фест ќе имаат извонредна можност да бидат меѓу првите кои ќе уживаат во нивните експлозивни настапи.

За ова издание да биде од уште поголемо значење за фестивалските и музички вљубеници, ги известуваме сите посетители дека АКВА ПАРК ФЕСТ им обезбедува посебна поволност и за европскиот фестивалски спектакл кои ги очекува ова лето, а кој се одржува во Нови Сад, Србија. Веќе знаете, зборуваме за EXIT Р:Еволуцијата и фестивалот со кој ТАКСИРАТ негува партнерска и проектна соработка во име на значајниот поттик и развој на музичката сцена и култура во регионов. Имено, со секоја купена влезница за АКВА ПАРК ФЕСТ посетителите добиваат дополнителен попуст од  10% и за фестивалските влезници за EXIT кои се сѐ уште во продажба по промотивната цена, а кој може да го искористат најдоцна до 10-ти јуни 2013.

По распродажбата на „earlybird“ влезниците за АКВА ПАРК ФЕСТ, во моментов актуелна е претпродажбата на билетите со промо цена од:

• 800 денари за фестивалска влезница (во која е вклучен бесплатен камп простор и бесплатно користење на Аква паркот и водените атракции за двата дена од одржување на фестивалот)

и

• 500 денари за еднодневна влезница (во која е вклучено бесплатно користење на Аква паркот и водени атракции за денот за кој ја купувате влезницата).

Следните денови побрзајте за овие билети бидејќи оние кои ќе се продаваат за време на одржувањето на фестивалот, 24 и 25 мај, на влезот на АКВА ПАРК ФЕСТ ќе бидат достапни со полна цена од 600 и 900 денари.

Билетите во претпродажба можат да се купат во продажните салони на One низ Македонија, продажните салони на Office Plus и продажната мрежа на МКтикетс.

За Аква Парк Фест организиран е и автобуски превоз на релација Скопје – Аква Парк Фест (Пробиштип) – Скопје, кој чини 450 денари. Поаѓањето на автобусите од Скопје за Пробиштип ќе биде во петок, 24-ти мај во 10:00 часот од С.Ц. „Борис Трајковски“, а враќањето во недела, 26 мај од 10:00 до 12:00 часот.

Билетите за автобускиот превоз се достапни во продажните места на “Македонија сообраќај”:

– на меѓуградска автобуска станица во Скопје – во туристичката агенција на “Македонија сообраќај”

– во ТЦ. Соравија

– дирекција позади Соборен храм „Св. Климент Охридски“.

Ве потсетуваме дека за време на одржувањето на фестивалот, ќе биде затворен сообраќајот во близина на Аква Парк Фест, па сите посетители ги советуваме за своите возила да ги користат околните паркинзи. Доколку сте од оние кои ќе го искустат фестивалот на вистинскиот начин и ќе престојуваат во кампот на Аква Парк Фест, задолжително погледнете ги и сите препораки и правила кои важат за фестивалскиот камп на следниот линк линк.

Целосната музичка програма и редоследнот на настапите можете да ги најдете тука.

Одбројувањето започна! Се гледаме на АКВА ПАРК ФЕСТ!



Врати се горе ↑