Видео ss

6 декември, 2014

Сем Смит ви ги честита празниците со „Have Yourself А Merry Little Christmas“

Популарниот британски пејач, кој годинава го освои светот со својот деби албум „In The Lonely Hour“, Сем Смит реши да даде свој придонес за претстојните празници, така што сними своја верзија на познатата божиќна песна „Have Yourself A Merry Little Christmas“. Оваа песна за прв пат ја изведе легендарната актерка и пејачка Џуди Гарланд во мјузиклот „Meet Me In St. Louis“ од 1944, а подоцна свои верзии снимија и бројни други изведувачи како што се Френк Синатра, Ела Фицџералд и други.

Смит премиерно ја отпеа песната на синоќешната манифестацијата „A Very Grammy Christmas“, во чии рамки беа откриени номинациите за претстојното 57. доделување на Греми наградите, а младиот музичар доби дури шест номинации. Неговата одлична верзија на познатиот празничен хит Ве очекува во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑