Свет 12806241_895674573864569_1958055673139671183_n

1 март, 2016

Сем Смит ужасно си поминал на Оскарите

Во неделата вечерта, Сем Смит настапи на 88. доделување на академските филмски награди, каде што за Бондовата тема „Writing’s On The Wall“ го освои својот прв Оскар во категоријата „Најдобра оригинална песна“. Иако имаше и тоа каква причина за да слави, пејачот за Би-би-си изјавил дека се чувствувал многу лошо во текот на целата вечер, а тоа се одрази и на неговата не баш одлична изведба на песната, пренесува Ем-ти-ви.

„Тоа беше најлошиот момент од мојот живот. Пеењето беше одвратно. Ја мразев секоја минута“, рекол Смит, кој признал и дека бил малку пијан. Како звучеше неговата изведба на познатиот хит можете да се потсетите овде.

Извор: mtv.com / Фотографии: Фејсбук

 



Врати се горе ↑