Свет ss

18 декември, 2014

Сем Смит со уште еден неверојатен рекорд!

Музичарот кој со својот раскошен вокал успеа да го освои целиот свет, Сем Смит пред самиот крај на годината забележа уште еден историски рекорд! Имено, мошне успешното деби издание „In The Lonely Hour“, кое британската ѕвезда го објави во мај годинава, на двете страни од Атлантикот е продадено во милион примероци, со што Смит е единствениот музичар на светот кој годинава го постигнал овој успех: „Ако речам дека сум возбуден, тоа е преблаг збор… Ви благодарам на сите кои го купивте мојот албум“, изјавил младиот пејач.

Покрај рекордната продажба на неговото првенче, Смит годинава ќе ја памети и по бројните награди и признанија на разни музички манифестации, а неодамна доби рекордни 6 номинации за престојните Греми награди, кои ќе бидат доделени на 8 февруари следната година.

 

 



Врати се горе ↑