Свет Sam-Smith_2762705b

11 јануари, 2014

Сем Смит победник на изборот „BBC Sound of 2014“

На почетокот на декември минатата година музичките критичари, диџеи и важни личности во музичката индустрија објавија список од 15 изведувачи од кои се очекува во 2014 година да имаат големи и значајни успеси. Меѓу тие 15 музичари се најдоа разновидни изведувачи меѓу кои Ела Ејр, Клои Хаул, Џангл, Сампа, Ројал Блад, Џорџ Езра, Сем Смит, Сеј Лу Лу и други. Дека станува збор за навистина важна награда сведочат и имињата на досегашните победници како што се Адел, Џеси Џеј и Ели Гоулдинг.

Вчера, на 10-ти јануари беше прогласен и победникот за 2014 година, а тоа е 21-годишниот британски пејач Сем Смит, кој ја освои и наградата Избор на критичарите од овогодинешните Британски музички награди. Смит е најпознат по неговата соработка со Ноти Бој за познатиот хит „La La La“, како и соработката со дуото Дисклоужр за темата „Latch“. Неговиот деби албум насловен „In The Lonely Hour“ е закажан за 26-ти мај, а ќе биде објавен под етикетата на Capitol Records.

Во продолжение преслушајте неколку песни и соработки во кои учествувал Сем Смит.



Врати се горе ↑