Свет article_big_1430207859sam_smith

8 мај, 2015

Сем Смит мора на операција

Сем Смит неодамна им соопшти на фановите дека боледува од благо крварење на гласните жици, па мораше да откаже неколку концерти. Но ситуацијата значително се влошила, така што пејачот ќе мора да се оперира. Тој ја сподели лошата вест на социјалните мрежи со коментар дека веќе 10 дена се труди да ги излечи гласните жици, но бидејќи немало никакво подобрување на состојбата, ќе мора да има хируршка интервенција.

Докторите му препорачале да земе 6 до 8 недели одмор за да закрепне, што значи дека ги откажува сите настапи во текот на мај и јуни.

 



Врати се горе ↑