25 септември, 2015

Сем Смит ја претстави песната за новиот „Џејмс Бонд“

Сем Смит денеска ја претстави темата „Writing’s On The Wall“ за новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, насловен „Spectre“. Британскиот пејач заедно со Џими Нејпс се потпишува и како автор на песната, која својата премиера ја доживеа утрово во рамките на утринската емисија на Би-би-си Радио 1, а како звучи сето тоа можете да слушнете горе.

Смит е последниот во низата популарни музичари кои снимиле песна за Бонд филмовите, меѓу кои Ширли Баси, Том Џонс, Пол Макартни, „Гарбиџ“, Тина Тарнер, Мадона, како и Адел, која за „Skyfall“ беше наградена со Златен глобус и со Оскар.

24. по ред филм за агентот 007 својата премиера во Велика Британија ќе ја доживее на 26 октомври, а во кино салите ширум светот ќе се прикажува од 6 ноември. Главната улога по четврти пат му припадна на Даниел Крег, а покрај него ќе ги видиме и Кристоф Волц, Моника Белучи, Ралф Фајнс, Леа Сејду и други.

 



Врати се горе ↑