Аудио Сем смит

7 октомври, 2017

Сем Смит ја објави соработката со Тимбаленд

Британската ѕвезда Сем Смит неодамна се врати на музичката сцена со синглот Too Good At Goodbyes, со кој го најави својот втор студиски албум, а веќе стигна и уште една песна од претстојното издание. Имено, пејачот порано годинава влезе во студио со популарниот американски продуцент Тимбаленд, кој сподели заедничка фотографија изразувајќи задоволство од соработката со Смит.

Сега конечно можеме да слушнеме на што работеле двајцата музичари, а тоа е госпел баладата насловена „Pray“, за која пејачот се инспирирал за време на неговиот претстој во Ирак со хуманитарната организација „Дете на војната“.

Освен новата песна, 25-годишниот пејач ги откри и деталите за новиот албум, чиј наслов гласи „The Thrill of It All“ и ќе стигне на 3 ноември. Изданието ќе содржи 10, односно 14 нумери за луксузната верзија, а освен Тимбаленд и долгогодишниот соработик Џими Нејпс, меѓу продуцентите што работеа на материјалот се и „Старгејт“, Џејсон Бојд и други.

Албумот ќе биде промовиран и во рамките на истоимената светска турнеја што ќе започне на лето следната година, а досега се закажани концертите за Северна Америка кои ќе се одржуваат во периодот од 18 јуни до 13 септември, додека допрва се очекуваат и датумите за Европа.

сс

Песни на албумот „The Thrill of It All“

  1. Too Good at Goodbyes
  2.  Say it First
  3. One Last Song
  4. Midnight Train
  5. Burning
  6. Him
  7. Baby, You Make Me Crazy
  8. No Peace” (feat. YEBBA)
  9. Palace
  10. Pray

Бонус песни за луксузното издание:

  1. Nothing Left for You
  2. The Thrill of it All
  3. Scars
  4.  One Day at a Time


Врати се горе ↑