Свет

4 јануари, 2019

Сем Смит и Нормани најавија дует

Уште кога гостуваше во „Караоке во автомобил“ кај Џејмс Корден, британската ѕвезда Сем Смит откри дека е голем љубител на музиката на сега веќе некогашната американска група „Фифт хармони“, чии пет оригинални членки сега се посветени на соло-кариери, а со една од нив сними и дует. Станува збор за темата насловена „Dancing With A Stranger“, дует со Нормани Кордеи, која ќе стигне на 11 јануари.

„Едвај чекам сите да ја слушнат новата песна, бидејќи таа содржи сè што чувствував додека ’жонглирав’ со приватниот живот и кариерата додека бев на турнеја. Уште повеќе и заради фактот што сум огромен обожавател на Нормани“, изјави Смит за соработката со американската колешка, која додаде дека е благословена што имала можност да работи со еден од најголемите вокалисти на деценијата. „Никогаш не ни помислував дека ќе можам да кажам дека сум снимила песна со ова екстремно талентирано битие“, сподели таа.

Сè уште не е познато за каква песна станува збор, односно дали е некоја моќна балада или денс-хит, а сето тоа ќе го дознаеме следната недела. Инаку, Смит во моментов е актуелен со баладата „Fire On Fire“, која ја сними за потребите на анимираната серија „Брдото Вотершип“, а Нормани постигна забележителен успех со дуетот со Калид за „Love Lies“, како и со уште две песни продуцирани од Келвин Харис.



Врати се горе ↑