Аудио

12 јануари, 2019

Сем Смит и Нормани го претставија дуетот „Dancing With A Stranger“

Британската ѕвезда Сем Смит ја започна годината со песна, а неговиот штотуку објавен дует со американската колешка и некогашна членка на групата „Фифт хармони“ – Нормани Кордеи – е вистински погодок и потенцијален освојувач на топ-листите. Станува збор за темата насловена „Dancing With A Stranger“, во која пејачите бараат утеха во танцувањето, доловувајќи ја фрустрацијата и самотијата на скршеното срце…

„Едвај чекам сите да ја слушнат новата песна, бидејќи таа содржи сè што чувствував додека ’жонглирав’ со приватниот живот и кариерата додека бев на турнеја. Уште повеќе и заради фактот што сум огромен обожавател на Нормани“, изјави Смит за соработката со американската колешка, која додаде дека е благословена што имала можност да работи со еден од најголемите вокалисти на деценијата. „Никогаш не ни помислував дека ќе можам да кажам дека сум снимила песна со ова екстремно талентирано битие“, сподели таа.

Сè уште не е познато дали песната ќе биде дополнета и со видео, а како звучи „Dancing With A Stranger“ дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑