Видео

29 јануари, 2019

Сем Смит и Нормани го екранизираа дуетот „Dancing With A Stranger“

Сем Смит и Нормани го претставија видеото за нивната соработка насловена „Dancing With A Stranger“, која се покажа како вистински погодок кај слушателите. Имено, за само две недели песната собра речиси 50 милиони преслушувања на Спотифај, а дебитираше и меѓу најдобрите 40 на Билборд, додека во Велика Британија постигна уште поголем успех, искачувајќи се меѓу најпродаваните три синглови на официјалната сингл-листа.

Кореографираното видео сигурно ќе го продолжи и засили веќе успешниот поход за освојување на топ-листите, а особено впечатливо е танцувањето на некогашната членка на „Фифт хармони“, која очигледно уште подобро се снаоѓа како соло-изведувач. Како игзгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑