12 декември, 2014

Сем Смит го претстави видео записот за „Like I Can“

„Like I Can“ е новиот сингл од мошне популарното деби издание „In The Lonely Hour“, со кое Сем Смит ги освои светските топ листи, собра бројни награди на разни манифестации, а неодамна му донесе дури 6 номинации за златните грамофони, статуетки кои ги посакува секој музичар на планетата. Веќе имавте можност да слушнете како звучи новиот сингл, кој денеска доби и елегантен и едноставен црно-бел видео запис, а како изгледа сето тоа можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑