6 февруари, 2015

Сем Смит го претстави видео записот за „Lay Me Down“

Како што беше најавено неодамна, новиот сингл од рекордерското првенче на Сем Смит е баладата „Lay Me Down“, за која пејачот сними и видео запис. Со оваа екранизација во режија на Рајан Хоуп, музичарот порача дека се надева на еднаков третман на истополовите бракови ширум светот:

„Овој видео запис ги прикажува моите соништа дека еден ден геј мажите и жените, како и двополовите личности ширум светот, како и сите останати семејства и пријатели, ќе имаат можност да се венчаат под кој било покрив, во кој било град или село, во која било земја. Се надевам дека ќе уживате во спотот. Ве сакам сите“, вели Смит, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Со деби изданието „In The Lonely Hour“, Смит ја освои титулата најпродаван изведувач за 2014 година во Велика Британија и трет најтиражен изведувач во САД. В недела, 8 февруари, ќе настапи на доделувањето на Греми наградите, каде што е номиниран во 6 категории, а на 25-ти ќе запее и на сцената во лондонсктаа арена „О2“, на доделувањето на британските музички награди, каде што е во трка за 5 статуетки.



Врати се горе ↑