Видео ss

30 септември, 2015

Сем Смит го најави видео записот за новата Бонд песна

Сем Смит деновиве ја претстави песната за претстојниот, 24. по ред филм за тајниот агент Џејмс Бонд, а темата насловена „Writing’s On The Wall“ наскоро ќе добие и свое видео издание. Иако сè уште нема официјален датум за премиера, популарниот британски пејач објави кус извадок од екранизацијата, а како изгледаат првите петнаесетина секунди можете да погледнете во продолжение.

 

Инаку, за оваа песна, чиј коавтор е самиот Смит, фановите и критиката имаа поделени мислења, а некои дури го обвинија дека е плагијат на познатиот хит „Earth Song“ од Мајкл Џексон. Но, како што пишува американски „Идолатор, во поп културата често се случува добар видео запис да спаси просечна или лоша песна, па дали таков ќе биде случајот и со „Writing’s On The Wall“ останува да дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑