Свет 1689711_552105418220582_1461069352_n

25 февруари, 2014

Сем Бејли најави турнеја за следната година

Иако во четвртата деценија од животот, победничката на минатогодишното издание од британскиот X Factor, Сем Бејли го живее својот сон. По огромниот успех на победничкиот сингл „Skyscraper“, пејачката го сними и својот деби албум, а изданието насловено „The Power Of Love“ ќе биде објавено на 24-ти март. Неодамна ја претстави и својата прва оригинална песна насловена „Compass“, а во моментов е дел од продолжената турнеја на Бијонсе во Велика Британија кадешто настапува како специјален гостин.

Нејзините фанови, чиј број секојдневно се зголемува, деновиве се израдуваа со веста дека веќе следната година Бејли ќе ја одржи својата прва турнеја која ќе ги опфати Лондон, Брајтон, Ливерпул, Кардиф, Нотингем и се разбира родниот Лестер. Во рамките на оваа турнеја пејачката ќе го промовира материјалот од претстојниот деби албум на кој, како што е познато, ќе се најдат неколку оригинални теми, како и преработки на песните кои ги отпеа во текот на натпреварот.

„Настапувам од 15 години, но никогаш не стигнав кајшто сакав да бидам. Тогаш ми се случи животот – плаќање сметки, брак, деца и едноставно морав сè да ставам на пауза. X Factor даде шанса на жена како мене, ми ја врати самодовербата, ми ја врати музиката и сето ова е за сите луѓе кои веруваа во мене!“ – изјави Бејли, а нејзината прва оригинална песна уште еднаш можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑