30 април, 2013

Селин Дион во студио (видео)

Еден од најмоќните женски вокали на светската музичка сцена, Селин Дион забрзано го подготвува новиот албум, кој би требало да излезе на есен (веројатно во октомври). Таа им дозволи на камеритe да ја посетат во студиото да направат мини филм за снимањето на претстојното издание кое ќе го носи насловот „Water and a Flame“.

Во кратката снимка Селин работи на песна која ја опишува како „љубовна песна, но со малку горчлив тон“, а ја работи заедно со продуцентот Ег Вајт, кој има соработувано со Флоренс + д машин и Адел. Ова ќе биде нејзино прво издание на англиски јазик од 2007 година, кога го објави „Taking Chances“, а 25-то во нејзината кариера.

На албумот ќе се најде и соработката со Ни-Јо, со кој снимија дует.

Извор и фото: Billboard



Врати се горе ↑