Аудио cd batb

11 март, 2017

Селин Дион сними нова песна за „Убавицата и ѕверот“

Генерациите кои израснаа со Дизниевите анимирани филмови никако не можат да ги одделат Селин Дион и „Убавицата и ѕверот“, а бидејќи насловната тема за новата филмска адаптација на француската бајка ја препеаја Аријана Гранде и Џон Леџенд, канадската ѕвезда отпеа сосема нова песна за овој саундтрак.

Станува збор за уште една моќна балада насловена „How Does A Moment Last Forever“, потпишана од композиторот Алан Менкен, кој работеше на музиката и за анимираната и за играната верзија на „Убавицата и Ѕверот“, а за насловната тема во 1991 година се закити и со 4 Греми, Оскар и Златен глобус.

Играната адаптација на „Убавицата и ѕверот“ пристигнува во кино салите ширум светот на 17 март, а во главните улоги ќе ги видиме Ема Вотсон како Бел и Ден Стивенс како ѕверот.



Врати се горе ↑