Свет M_Id_418218_Celine_Dion_and_Eminem

10 септември, 2013

Селин Дион: „Сакам да снимам песна со Еминем“

Канадската пејачка Селин Дион би сакала да сними песна со најпознатиот бел рапер Еминем, пренесуваат американските медиуми: „Би сакала да соработувам со Еминем“, изјавила дивата која деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Loved Me Back To Life“ со кој го најавува истоимениот дваесет и петти студиски албум во нејзината кариера.

Дион исто така зборувала и за нејзиниот син Рене-Чарлс (12), кој бил пријатно изненаден откако дознал дека неговата мајка ќе соработува со Сиа Фурлер, која ги потпишува хитовите како што се „Titanium“ на Дејвид Гета и „Diamonds“ на Ријана: „Кога му кажав на Рене дека сум подготвена да снимам нов албум и дека имам нова песна која Сиа ја напиша за мене, тој рече: ’Нема шанси!’ Не можеше да поверува бидејќи не сум кул и не сум Ријана“ – додала пејачката.

Покрај Сиа, како соработници на новиот албум се потпишуваат и Бејбифејс, Ни-Јо и Ег Вајт, а меѓу 13-те песни (15 за лускузното издание) ќе ги има и дуетите со Ни-Јо и Стиви Вондер. Изданието кое првично требаше да го носи насловот „Water and a Flame“, ќе биде издадено на 1-ви ноември, а најавниот сингл „Loved Me Back To Life“ можете да го слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑