Свет Celine-Dion-1011-1

25 октомври, 2012

Селин Дион повторно ќе запее на француски

Канадската поп дива Селин Дион повторно се враќа со уште еден албум на француски јазик. Откако во 2007 година го издаде албумот „D’elles“, годинава на 2ри ноември ќе го промовира нејзниот дванаесетти албум со француски песни „Sans Attendre“ (Без чекање). На регуларното издание ќе се најдат 14 нумери, а на луксузното 16.

Пораката која ја носи самиот наслов на албумот вели да не се оставаат за утре работите кои можат да се завршат денес и дека „денес“ е најважниот ден. На прашањето која е разликата помеѓу пеењето на англиски и на француски јазик, таа изјави дека тоа е исто како да носиш џинс или свечена тоалета.  За Дион, пеењето на француски претставува една поинаква енергија и го смета за повеќе поетично, додека англиските песни ги доживува со сосема други емоции. На албумот ќе има и два дуети, од кои еден со канадскиот музичар Жан Пјер Ферлан за нумерата „L’amour peut prendre froid“ (Љубовта може да биде студена).

Најавниот сингл за овој албум е нумерата „Parler à mon père“ (Да зборувам со мојот татко)

 



Врати се горе ↑