Свет celine-dion

13 ноември, 2012

Селин Дион: Победата на Евросонг ’88 ѝ ја должам на Југославија

За српскиот магазин „Свет“, светската поп дива Селин Дион изјавила дека победата на Евровизија во далечната 1988 година ѝ ја должи на Југославија.

За магазинот таа рекла: „Запознав многу прекрасни луѓе од Србија, некои биле и членови на мојот музички тим. Знам дека вашата земја имала проблеми во минатото, но сите се наидуваме на невојли од време на време, нели? Исто така знам дека била и дел од Југославија, на која на извесен начин ѝ ја должам победата на изборот за песна на Евровизија во 1988 госина. Имено, Британија и Швајцарија, за која што настапував, пред крајот на натпреварувањето имаа скоро ист број на поени, а југословенското жири кое гласаше последно, го одлучи победникот. Тоа никогаш нема да го заборавам.“ Притоа додала дека во рамките на следната турнеја ќе настапи и во Белград.

„Би сакала конечно да пеам и во Белград, сум чула дека кај вас гостуваат најголемите светски ѕвезди. Меѓутоа, за сега сè уште немам планови за турнеја, тоа ќе го дознаеме по објавувањето на албумот на англиски јазик. Моите турнеи се големи и траат најмалку година дена, што значи дека треба на време да ме поканите. Се надевам дека ќе се видиме во Белград во првата прилика што ќе ја имаме.“– изјавила Дион.

 



Врати се горе ↑